Достапни линкови

Младите сонуваат за вработување во администрација


Истражувањата во Македонија покажуваат дека најголемиот дел од младите планираат да работат во јавната администрација, а најмал број испитаници размислуваат за започнување сопствен бизнис.

Кога луѓето се млади се полни со амбиции, но ретко се впуштаат во претприемништво. Најголем проблем е тоа што на повеќето млади луѓе им недостасува искуство и поголема стабилност гледаат во јавната администрација како професионална определба. Ова го покажуваат и истражувањата во Македонија, според кои најголемиот дел од младите планираат да работат во јавната администрација, помал дел размислуваат да работат кај приватни работодавачи, додека најмал број испитаници размислуваат за започнување сопствен бизнис.

Најпрвин се размислува за стабилна плата која ќе го обезбеди доживотно неговото егзистенцијално прашање. Втората причина можеби се крие во малата одговорност која се бара од нив во текот на работното време и токму тоа е причината поради која повеќето од младите првично размислуваат да се вработат во јавната администрација.
Зоран Илиески од Коалицијата за млади „Сега“.

Кога станува збор за перцепцијата на претпримништвото се дошло до заклучок дека најголем дел од испитаниците сметаат дека бизнисот е асоцијација за разик и неизвесност, но и голема одговорност, вели Зоран Илиески од Коалицијата за млади „Сега“.

Дона Костуранова, претседателка на Младински образовен форум
Дона Костуранова, претседателка на Младински образовен форум

„Најпрвин се размислува за стабилна плата која ќе го обезбеди доживотно неговото егзистенцијално прашање. Втората причина можеби се крие во малата одговорност која се бара од нив во текот на работното време и токму тоа е причината поради која повеќето од младите првично размислуваат да се вработат во јавната администрација“, вели Илиески.

Не можеме да занемариме дека во Македонија често се гледа партиската припадност како еден начин да се дојде полесно до обезбедување на работно место.
Дона Костуранова од Младинскиот образовен Форум.

Младите сметаат дека работењето во јавната администрација е попривлечно. Според Дона Костуранова од Младинскиот образовен Форум интересно е тоа што овој сектор е привлечен за младите луѓе.

„Не можеме да занемариме дека во Македонија често се гледа партиската припадност како еден начин да се дојде полесно до обезбедување на работно место . Во толку голем степен на невработеност, особено меѓу младите, најверојатно се бара и најлесниот излез за намалување на младинската невработеност“, вели Костуранова.

Она што е важно да се каже е дали проблемите кои ги спречуваат младите луѓе да започнат сопствен бизнис се сметаат решливи. Меѓутоа нестабилната економска ситуација и комплицираните бирократски процедури како и давачките се сметаат за бариери за отворање бизнис. Како пречка за отворање сопствен бизнис се наведува и недостатокот на почетен капитал.

„Од друга страна уште еден проблем кој го имаат младите е тоа што нашиот образовен систем потешко гради работни вештини, така што младите дури и да добијат работа и да започнат со работен однос, често имаат предизвици дури и во основи процедури кои се однесуваат на работењето, затоа што не ги имаат искусено преку студентската пракса“, вели Костуранова.

Поради ова идеите за отворање сопствен бизнис остануваат неостварен сон на некои млади луѓе. Илиовски дополнува дека има поинакви тенденции од овие, но само кај помладите испитаници.

„Кај младите кои во моментот се во средното образование на прво место е мислењето за отворање на сопствен бизнис, но треба да имаме предвид дека тие се на возраст од 15 го 17 -18 години и дека нивната желба за бизнис и во текот на наредниот период“, вели Илиески.


  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG