Достапни линкови

Русија ќе забрани европски летови над нејзина територија


Руските медиуми јавуваат дека властите во Москва ја разгледувале можноста за забрана на летови за европските авиопревозници кои ги користат трансибирските рути. Тоа, според нив, ќе биде еден од одговорите на санкциите на Европската унија што, меѓу другото, ја погодија и руската нискобуџетна авиокомпанија Доброљот. Ваквиот чекор значително ќе ги зголеми цените на летовите од Азија до Европа.

XS
SM
MD
LG