Достапни линкови

Екс украинскиот претседател Јанукович се жали на ЕУ


Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и неговите двајца синови поднесоа петиција до Европскиот суд за човекови права за поништување на санкциите на Европската унија против нив. Тие бараат од Европскиот суд да ги поништи резолуциите од 5 март и 15 април годинава со кои им се забранува влез и им се замрзнуваат нивните имоти во Европската унија. Во петицијата тие наведуваат дека Европскиот совет нема доволно докази за да ги санкционира и оти одлуките биле политички. Јанукович ја напушти функцијата во февруари годинава.

XS
SM
MD
LG