Достапни линкови

Тридневен прекин на огнот во Појасот Газа


Израелски и палестински претставници се согласија на тридневен прекин на огнот на предлог на Египет, што започнува изутринава. Израелска делегација за време на прекинот ќе отпатува во Египет на разговори за долгорочно примирје. Портпаролот на Хамас соопшти дека исламистичката организација што е на власт во Појасот Газа исто така се согласила со египетскиот предлог.

САД изразија задоволство од привременото примирје. Заменик советникот за национална безбедност Тони Блинкен оцени дека има можност за подолготраен прекин на огнот.

Неколку часа претходно, израелската армија соопшти дека продолжува со операциите против палестинските милитанти во Појасот Газа, откако вчера попладне заврши седумчасовниот прекин на огнот. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека воената кампања ќе трае додека во Израел не се врати долгорочниот мир.

Палестинците соопштија дека Израел бомбардирал бегалски камп во градот Газа, и покрај прекинот на огнот, при што било убиено едно дете, а 29 луѓе биле ранети. Израелска војска, пак, соопшти дека милитантите испукале гранати кон Израел.

Полицијата исто така застрелала палестински возач на багер во Ерусалим кој удрил во автобус при што загинал еден Израелец.

Меѓународната заедница во меѓувреме жестоко го осуди израелскиот напад врз училиште на ОН во Појасот Газа во неделата при што загинаа 10 палестински цивили.

Повеќе од 1.800 Палестинци, најголемиот дел цивили, загинаа откако Израел ја почна воената кампања на 8 јули, како одговор на ракетните напади од Појасот Газа. Загинаа и 64 израелски војници и тројца цивили.

XS
SM
MD
LG