Достапни линкови

Останките на жртвите од малезискиот авион донесени во Холандија


Холандскиот авион со останките на жртвите од соборениот малезиски авион над источна Украина пристигна во Холандија. Со авионот се донесени и примероци од ДНК и личните предмети на жртвите, кои, како што соопштија украинските власти, некое време беа чувани во градот Доњецк, кој е под контрола на бунтовниците. Претходно, во Холандија беа однесени повеќе од 220 мртовечки ковчези. Најголемиот дел од 298-те патници и членови на екипажот од авионот што беше соборен, наводно од проруските бунтовници, беа Холанѓани. Малезиски експерти вчера им се придружија на холандските и австралиски истражители кои го „чешлаат“ местото на падот на авионот во потрага по траги од жртвите. Работата на меѓународните инспектори на местото на настанот неколку пати беше одложувана поради борбите меѓу украинските сили и проруските бунтовници во областа.

XS
SM
MD
LG