Достапни линкови

Јапонија ги проширува санкциите против Русија


Јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Јапонската влада додаде 40 поединци и две компании на листата на санкции кон Русија. Кабинетот на премиерот Шинзо Абе денеска одобри дополнителни санкции на линија со чекорите што ги презедоа членките на Г-7 минатата недела, како одговор на руската поддршка за сепаратистите во Украина. Средствата во Јапонија на оние кои се директно вклучени во руската анексија на Крим или во нестабилноста во источна Украина ќе бидат замрзнати, стои во соопштението од јапонската влада. Јапонија исто така ќе „го ограничи увозот на стоки произведени во Крим“. Не беа соопштени имињата на поединците и фирмите опфатени со новите санкции.

XS
SM
MD
LG