Достапни линкови

Турски пратенички го тужат вицепремиерот Аранч поради дискриминација


Турскиот вицепремиер Булент Аранч.

Турскиот вицепремиер Булент Аранч.

Турски активистки за правата на жените и пратенички во Парламентот поднесоа тужба против вицепремиерот Булент Аранч, кој минатата недела изјави дека жените не треба да се смеат на јавни места. Пратеничката Ајлин Назлака истакна дека тужбата била поднесена во суд во Истанбул, а во неа Аранч се обвинува дека со ваквата забрана може да предизвика жените да станат објект на насилство доколку се смеат на јавно место. Малкумина очекуваат дека тужбата ќе биде прифатена и ќе се спроведе судски процес против Аранч, меѓутоа Назлака истакна дека жените на овој политичар му испраќаат порака дека „неговите дискриминирачки изјави се неприфатливи“.

XS
SM
MD
LG