Достапни линкови

Двајца Канаѓани осомничени за кражба на државни тајни во Кина


Кинеските власти испитуваат двајца канадски државјани осомничени за кражба на државни тајни, меѓу кои и такви поврзани со војската и со националната одбрана, јавуваат кинеските медиуми. Државната новинска агенција Ксинхуа објави дека Кевин Гарат и Џулија Доун Гарат држеле кафуле на кинеската граница со Северна Кореја, но во извештаите не се наведува дали се притворени. Канадската амбасада во Пекинг соопшти дека има информации дека двајца Канаѓани се „притворени“ во Кина и оти собираат дополнителни информации за случајот. Двојката наводно живеела во Кина од 1984 година. Прво работеле како наставници, а во 2008 година отвориле кафуле во Дангдонг. Истрагата против канадските државјани доаѓа една недела откако Канада направи невообичаен чекор и ги обвини кинеските хакери за напад врз клучната државна компјутерска мрежа.

XS
SM
MD
LG