Достапни линкови

Бан Ки-мун бара почитување на прекинот на огнот во Нагорно-Карабах


Ерменски војник во Нагорно-Карабах.

Ерменски војник во Нагорно-Карабах.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги повика азербејџанските и ерменски сили да се придржуваат до нивниот договор за прекин на огнот, по неколкудневните крвави престрелки во сепаратистичката област Нагорно-Карабах. Во соопштението од Бан Ки-мун се наведува дека тој ги поддржува напорите на ОБСЕ за намалување на тензиите. Групата од Минск на ОБСЕ посредува за договор за Нагорно-Карабах. Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека 15 војници загинале во престрелките со ерменските сили во последните денови околу „линијата на контрола“ во Нагорно Карабах. Де факто властите во областа соопштија дека загинале петмина нивни војници. Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи соопшти дека претседателот Владимир Путин оваа недела во Сочи ќе се сретне со претседателите на Ерменија и на Азербејџан. Сепаратистите поддржани од Ерменија ја презедоа контролата врз азербејџанската област претежно населена со Ерменци за време на војната на почетокот на 90-тите години од минатиот век.

XS
SM
MD
LG