Достапни линкови

logo-print

Лукоил ги продава бензинските пумпи во Чешка, Унгарија и Словачка


Вториот по големина руски нафтен гигант Лукоил соопшти дека ги става на продажба бензинските пумпи во три централноевропски земји. Во соопштението на Лукоил се наведува дека компанијата ги продава бензинските пумпи во Чешка, Унгарија и Словачка, како дел од планот за „оптимизација“. Одлуката дојде на само неколку дена откако извршниот директор на Лукоил, Вагит Алекперов, изјави дека компанијата најверојатно ќе биде принудена да ја намали својата инвестициона програма, како резултат на западните санкции против Русија поради кризата во Украина. Европската унија и САД досега се воздржуваа од наметнување санкции врз Лукоил, но со нивните најнови санкции кон банкарскиот сектор, руските компании имаат ограничен пристап до финансирање и дома и во странство. Лукоил претходно објави дека се повлекува од Украина.

XS
SM
MD
LG