Достапни линкови

Втор случај на ебола во Нигерија


Властите од Нигерија потврдија дека има втор случај на ебола во градот Лагос. Според нив, инфицираното лице е докторот кој го лечел пациентот кој почина од болеста во минатата недела, откако пристигна во Лагос од Либерија. Од ебола починаа 728 лица во западна Африка откако болеста се појави во февруари во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Еболата е една од најсмртоносните болести во светот и нема ефективен третман или вакцина против неа.

XS
SM
MD
LG