Достапни линкови

Во Тетово проблеми и после умирачка


Стари православни гробишта во Тетово.

Стари православни гробишта во Тетово.

Семејствата на починатите тетовци се мачат да обезбедат место за погребување. Старите православни гробишта се пренатрупани, новите во близина на Тетово се неуредни и ретко кој купува место таму, па неретко тетовци се погребуваат во околните селата.

Погребувањето во Тетово e предизвик за семејствата на починатите поради комплексната состојба со православните гробишта. Покрај тагувањето, семејствата се мачат да обезбедат место за погребување. Православните гробишта се преполни, нема нови слободни места за погребување, а постојат одреден број гробови кои од човек на човек официјално со документи се даваат како подарок, но во суштина се продаваат за илјадници евра.

Дојдов да го исчистам гробот, меѓутоа воопшто не ни можам да помислам да го чистам. Што се вели, нема нога кај да ставиш. Тесно е.

„Од 2 до 3 илјади евра се купува гроб, некаде и до 6 илјади зависи од местото. Оваа појава е се помасовна“, вели Никола Поповски со кого разговаравме на православните гробишта.

И останатите соговорници, како Гена Билбиловска исто така велат дека погребувањето во Тетово е голем проблем, дури и да се има место на гробиштата поради пренатрупаноста. Гробни места има и на патеките за движење.

Гена Билбиловска.

Гена Билбиловска.

„Дојдов да го исчистам гробот, меѓутоа воопшто не ни можам да помислам да го чистам. Што се вели, нема нога кај да ставиш. Тесно е. Илјада пати сум дошла и сум паднала, нозете ми се со модринки“, вели Гена Билбиловска.

Поширокото семејство на Љуба Стојковска поради состојбата, починат роднина погребале на гробишта во селото Лешок.

Еве зет имав јас од прва братучедка, сакаше овде да се закопа. Бараа по 5 илјади евра за гроб и го закопаа во Лешок.

„Еве зет имав јас од прва братучедка, сакаше овде да се закопа. Бараа по 5 илјади евра за гроб и го закопаа во Лешок“, кажува Љуба Стојковска.

Мирко Петровски од Теарце вели дека кај нив тетовци прават гробни споменици и додека се живи, што според него ги прекршува обичаите на погребување.

Новите гробишта во близина на Тетово.

Новите гробишта во близина на Тетово.

„ Јас живеам 60 години во Теарце и доаѓам во ситуација да немам гробно место, а некој што живееле 50-60 години во Тетово го погребуваат тука“, вели Мирко Петровски.

Јас живеам 60 години во Теарце и доаѓам во ситуација да немам гробно место, а некој што живееле 50-60 години во Тетово го погребуваат тука.

За жителите на Тетово постојат и нови православни гробишта од пред 10 години, но во овој период само 50-тина луѓе се погребани таму. Неуредноста е причина за одбегнување на овие гробиштата што се наоѓаат на 2 километри надвор од Тетово, во селото Фалише. Нема ниту една канта за отпадоци, а од инфраструктура има само една импровизирана чешма.

Гробиштата ги раководи општинското комунално претпријатие . Подобрувањето на состојбата зависи од буџетот на општината, вели Гоце Новевски, одговорен за гробиштата во комуналното претпријатие.

„За секоја поголема инвестиција треба општината да даде дозвола. Пред да почне хортикултурно да се уредува тоа треба уште едно рамнење со булдожер. После тоа секако ќе биде поугледно“, истакнува Новевски.

Дополнителен проблем за тетовци е што не постои и капела, па починатите пред погребот се чуваат дома.

XS
SM
MD
LG