Достапни линкови

Евакуирани 110 британски државјани од Либија


Воениот брод со 110 британски државјани кои беа евакуирани од Триполи, пристигна денеска во Малта. Бродот од 2 август досега евакуираше околу 360 жители на Британија и други странски државјани, поради борбите помеѓу спротиставените милитанти кои се интензивираа во земјата.

Во меѓувреме новоизбраниот либиски Парламент ја одржа првата седница во градот Тобрук. Но, неговата моќ е ставена под знак прашалник додека земјата се соочува со најлошото насилство од граѓанската војна во 2011, кога беше соборен режимот на претседателот Моамер Гадафи.

XS
SM
MD
LG