Достапни линкови

Белорусија ќе ја снабдува Украина со нафтени производи


Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко му соопштил на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Минск е подготвен да ја снабди неговата земја со нафтени производи. Според кабинетот на Лукашенко, двајцата лидери телефонски разговарале за прашањето. Лукашенко истакнал дека го разбира проблемот и дека покрај домашните потреби Белорусија ќе и помогне на Украина.

XS
SM
MD
LG