Достапни линкови

Одбележана стогодишнината од Првата светска војна


Церемонијата во Лиеж

Церемонијата во Лиеж

Шефови на држави и влади од цела Европа во Белгија присуствуваа на одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна. Главната церемонија се одржа во градот Лиеж кај Меморијалниот споменик посветен на војната, која започна со германската инвазија на земјата на 4 август 1914 година.

Белгискиот премиер Еио Ди Рупо изјави дека треба да им се одаде чест на жртвите во војната, а и да се потсетат на значењето на меѓународната соработка. На настанот присуствуваа и белгискиот крал Филип, францускиот претседател Франсоа Оланд, германскиот претседател Јоаким Гаук и војводата и војвотката од Кембриџ Вилијам и Кејт.

XS
SM
MD
LG