Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ стојат на своите цврсти позиции и не сакаат да направат отстапки, манифестирајќи неспремност за дијалог со кој би се надминала политичката криза.

СДСМ влече потези со кои прави штета на државата. Нема договор, ако Груевски смета дека барањата за обезбедување на фер и демократски избори се неразумни. Ова се препукувањата што ги водеа двете страни ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Илинден.

Позициите прво се доста далечни и второ нема попусливост ниту кај едната, ниту кај другата страна за остапки, значи во кои било преговори ако вие две карактеристики се запазени, тоа значи дека лесно постигнување на договор не може да има.

Лавината тргна откако премиерот во говорот на Пелинце ги повика политичките опоненти да поставеле разумни барања. Во меѓувреме официјално дијалогот меѓу двете страни е закочен, иако тој се одвива зад сцената, за што брифираат и двете страни. Јавно пак меѓупартискиот дијалог се сведува на меѓусебни обвинувања, во кои се чини никој не нуди конкретни решенија.

Од СДСМ денеска упатуваат на нивното вчерашно соопштение во кое повикуваат на разговор за петте барања на опозицијата, од кои едно,односно техничката влада, беше веднаш отфрлено од ВМРО-ДПМНЕ и лично од Груевски.

Кога би била државата пред сè тогаш ни Груевски, ни Заев не би смееле да се укопаат во такви ровови и да кажат без оваа прашање нема понатака. Тоа покажува неспремност за дијалог, неспремност за изнаоѓање решение, неспремност за излез од кризата.

Според професор Здравко Савески и двете страни стојат на доста непомирливи позиции што е последица на продлабичената криза на политичкиот дијалог во последниве три-четири години. Можеби се одвиваат преговори далеку од очите на јавноста, но како што изгледаат засега работите, додава Савески, до решението нема да се дојде лесно и брзо.

„Позициите прво се доста далечни и второ нема попусливост ниту кај едната, ниту кај другата страна за остапки, значи во кои било преговори ако вие две карактеристики се запазени, тоа значи дека лесно постигнување на договор не може да има“, вели Савески.

Според него сега главната битка е да се убеди јавноста чии ставови се исправни и во таа насока тој ги толкува актуелните препукувања.

„Оваа фаза од нивниот спор пред се за добивање на поддршка од јавноста, како тег на вагата за поголем пртисок кон другата страна, но во секој случај кој ќе отстапи во оваа ситуација и двете страни заат дека може да ги промени доста работите во иднина во нивните меѓусебни односи на силите“, додава Савески.

И аналитичарот Насер Зибери е скептичен дека може да дојде до некое решение во дијалогот меѓу власта и опозицијата, а нетрпението и разликите вели дека се покажале уште на првата средба на Груевски и Заев во јуни.

„Кога би била државата пред сè тогаш ни Груевски, ни Заев не би смееле да се укопаат во такви ровови и да кажат без оваа прашање нема понатака. Тоа покажува неспремност за дијалог, неспремност за изнаоѓање решение, неспремност за излез од кризата“, вели Зибери, а како дополнителен аргумент за неподготвеноста за напредок ги наведува честите меѓусебни конфронтации дури како што вели и за периферни прашања.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG