Достапни линкови

Не се почитува примирјето во Газа


Израелската армија прогласи 7 часовно примирје во Газа, од хуманитарни причини, кое започна денеска во 9 часот по средно-европско време. Меѓутоа, Хамас соопшти дека не го прифаќа примирјето и ги преупреди жителите да бидат внимателни кога излегуваат надвор. Само неколку минути по почетокот на примирјето, според палестински извори, при израелски воздушен напад бил погоден еден бегалски камп, при што биле повредени 30 лица. Израел најави дека примирјето не се однесува на реоните во кои сеуште дејствуваат израелските трупи, вклучувајки го и градот Рафа.

XS
SM
MD
LG