Достапни линкови

Посматрачите на ОБСЕ се повлекле од руско-украинската граница


Посматрачите на ОБСЕ на контролниот пункт Гуково, во регонот на Ростов, во близина на границата со Украина, ги напуштиле своите позиции од безбедносни причини. Портпаролот на руската Федерална служба за безбедност, Василиј Малаев соопшти дека посматрачите си заминале поради воените операции на украинските сили против про-руските сепаратисти. Тој додаде дека околу 400 украински војници и 160 граничари, денеска влегле на руска територија, откако Русија им дозволила да ја поминат границата кај Гуково. Не е јасно зошто украинските војници влегле на руска територија.

XS
SM
MD
LG