Достапни линкови

Ваши коментари - Илинден, патриотизам и море


Премиерот Никола Груевски во Пелинце за Илинден.
Премиерот Никола Груевски во Пелинце за Илинден.

Текстовите за значењето, придобивките и прославата на двата Илиндена, и прилогот со наслов „Патриотизам си е патриотизам, ама море си е море“, се најкоментирани содржини на нашата интернет страница.

Дали актуелнава власт ги занемарува придобивките од АСНОМ, што се гледа, покрај другото, и во неподготвувањето повпечатлива прослава на јубилејниот АСНОМ?

Македонија се наоѓа пред санкции од Америка и Европа поради неконзистентната политика, на фамилијата Груевски, на Ахмети и останатите.
Коментар на читател.

Нашиот текст во кој се користени мислења на универзитетски професори, борци и на членови на невладини организации, е повод Миле од Охрид повторно да ни стави забелешка дека требало да ги поштедиме нашите конзументи од злобните коментари на, како што напишал, „експерти, аналитичари, професори и политичари кои имаат потреба својата лична омраза и фрустрации кон сè што е македонско да ги артикулираат преку вашиот медиум“. Потоа дава кус историјат на борбата на македонскиот народ за слобода и независност, завршувајќи дека „Борбата за правото на Македонците да постојат продолжува“.

Нашата информација за прославата на двата Илиндена и пораките на владино-државниот врв упатени преку говорите, го испровоцирала Пиле да коментира дека Македонија се наоѓала пред санкции од Америка и Европа поради неконзистентната политика, како што вели, „на фамилијата Груевски, на Ахмети и останатите“ и дека со изјавата на Нимиц дека не се преговара за идентитетот му била удрена шлаканица на Груевски кој со години го замајува народот, како што вели, токму со тој идентитет.

Ја на Вардар, а може и до Треска, ако најдам точак на заем. Лека полекичка, сите на мое ќе дојдете. Тие што ќе останат на оваа територија.
Коментар на читател.

Патриотизам си е патриотизам, ама море си е море“ е насловот на нашиот прилог за тоа каде и дали можат да отидат на одмор нашите граѓани. МКД пресметал дека само 100 илјади Македонци да се отидени во Грција, на море, и секој од нив да оставил само по 200 евра, тоа се 20 милиони евра! А бројката е сигурно поголема, напишал тој. МКД пресметал дека тие 20 милиони се една десетина од хидроцентралите Чебрен и Галиште што државава нема пари да ги изгради веќе 30 години. Ристо напишал дека „Тие си одат на наше море“, а Миле од Скопје коментира дека ќе оди каде било само не во Охрид, град кој од религиозен и културен центар е претворен во огромна кафеана каде што цела ноќ трешти музика.

Во нашиот Хајд Парк има уште пореални коментари: Џони, на прашањето каде на одмор ова лето, напишал: „Ја на Вардар, а може и до Треска, ако најдам точак на заем. Лека полекичка, сите на мое ќе дојдете. Тие што ќе останат на оваа територија“, порачува Џони. Петко од Тунгузија се јавува со следново: „Некој на Кариби, повеќето дома во када ќе си пуштаат бродчиња од хартија и ќе си замислуваат дека се во Европа“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG