Достапни линкови

logo-print

Стапи во сила примирјето во Газа


Израелската армија прогласи 7 часовно примирје во Газа, од хуманитарни причини, кое започна денеска во 9 часот по средно-европско време. Примирјето не се однесува на реоните во кои сеуште дејствуваат израелските трупи, вклучувајки го и градот Рафа. Израелските сили исто така, имаат наредба да возвратат доколку бидат нападнати.

Инаку, неколку часа пред почетокот на примирјето, во израелски воздушен напад врз Газа, бил убиен Даниел Мансур, еден од лидерите на Исламски Џихад, милитантна група која е близок сојузник на палестински Хамас.

XS
SM
MD
LG