Достапни линкови

logo-print

Европа одбележува стогодишнина од почетокот на Првата светска војна


Шефови на држави и влади од цела Европа ќе се соберат во Белгија за да ја одбележат 100-годишнината од германската инвазија на земјата на 4 август 1914 година.

Главната церемонија ќе се одржи на Меморијалниот споменикот посветен на војна во градот Лиеж.

На настанот ќе се обратат белгискиот крал Филип, францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот претседател Јоаким Гаук.

И Велика Британија ќе ја одбележи годишнината од почетокот на нејзиното учество во војната на 1914-1918.

XS
SM
MD
LG