Достапни линкови

Ердоган со кртики до Израел


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини Израел за намерно убиство на Палестинци и предупреди дека Израелците ќе „се удават во крвта што ја пролеваат“.

Ердоган им се обрати на десетици илјади приврзаници на митинг во Истанбул, на една недела пред стартот на првиот круг на претседателските избори.

Ердоган изјави дека „исто како и Хитлер, кој се обидел да воспостави трка ослободени од сите грешки, така и Израел трча по истата цел."

Претседателскиот кандидат исто така ги критикуваше меѓународните медиуми за игнорирање на смртта на новинари за време на воената офанзива на Израел во Појасот Газа и нападот врз канцеларијата на агенција Анадолија во Газа.

Демонстранти, претежно сунитски муслимани од Турција постојано протестираат во последниве неколку недели против израелската операција во Газа.

XS
SM
MD
LG