Достапни линкови

Обама - Русија како држава „не прави ништо“


Американскиот претседател Барак Обама ја минимизира улогата на Русија во светот, велејќи дека Русија како држава „не прави ништо“. Во интервју за магазинот Економист што завчера беше објавено на интернет, Обама вели дека имигрантите не одат во Москва во потрага по можност.

„Очекуваниот животен век на руските мажи е околу 60 години. Населението се намалува“, вели тој.

Обама исто така го критикува рускиот претседател Владимир Путин, како лидер кој предизвикува краткорочни проблеми за политички поени.

„Мислам дека претседателот Путин претставува голем притисок во Русија што веројатно е штетно за Русија на подолг рок“, вели тој.

Во меѓувреме, украинските сили продолжуваат во борбата со проруските сепаратисти на истокот на земјата. Западот ја обвинува Москва дека ги поддржува бунтовниците, но Кремљ негира.

XS
SM
MD
LG