Достапни линкови

logo-print

САД „згрозени“ од бомбардирањето на училиште на ОН во Газа


САД се „згрозени“ од „срамното“ бомбардирање на училиште на ОН во Појасот Газа, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки. Таа исто така го повика Израел да стори повеќе за „да ги исполни своите стандарди и да избегне цивилни жртви“.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го оцени нападот како криминален чин. ОН соопштија дека при бомбардирање на нивното училиште во градот Рафа, во кое биле засолнати раселени Палестинци, биле убиени најмалку 10 луѓе. Израел потврди дека отвориле оган врз цели во близина на училиштето и соопшти дека ги разгледува последиците од нападот. Тоа е трет смртоносен напад врз училиште на ОН кое ги згрижува раселените Палестинци за време на 27-дневниот конфликт меѓу Израел и милитантите од Хамас. Во конфликтот досега се убиени повеќе од 1.770 Палестинци, претежно цивили, како и 64 израелски војници и тројца цивили.

XS
SM
MD
LG