Достапни линкови

Стотици загинати во земјотресот во Кина


Најмалку 381 луѓе загинаа, а повеќе од 1.800 се повредени во силен земјотрес што вчера попладне ја погоди провинцијата Јунан во југозападна Кина. Потресот со магнитуда од 6,1 степени бил почувствуван и во соседните провинции Гуижоу и Сичуан. Кинеските медиуми објавија дека се урнале 12 илјади згради, а околу 30 илјади објекти се оштетени. Оштетени биле далноводите, а телекомуникациските услуги биле во прекин. Властите испратиле повеќе од 2.500 војници, како и дополнителни полициски и противпожарни екипи за справување со ситуацијата. Испратени се илјадници ќебиња, кревети и шатори за помош на настраданите. Во југозападна Кина често има земјотреси.

XS
SM
MD
LG