Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 33 степена. Од вторник повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Синоќа пак силно невреме проследено со дожд, грмотевици и ветер синоќа го погоди Скопје. Повеќе граѓани кои биле на Водно вечерта биле заробени во Жицницата откако снемало струја најверојатно поради удар на гром. Од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека граѓаните се безбедни бидејќи веднаш се вклучил погонскиот мотор на Жичницата со што таа полека почнала да работи и граѓаните се симнати од Водно.

XS
SM
MD
LG