Достапни линкови

Расте бројот на загинати во земјотресот во Кина


Државните медиуми јавуваат дека 150 луѓе се загинати, а десетици се повредени од силниот земјотрес што денеска ја погоди југозападна Кина. Американскиот геолошки центар соопшти дека земјотресот со магнитуда од 6,3 степени ја погодил провинцијата Јунан попладнево. Кинеската новинска агенција Ксинхуа јави дека епицентарот бил во градот Лонгтоушан и дека комуникациите со областа биле сериозно загрозени, електричната енергија во прекин, а и најмалку едно училиште се урнало. Според извештаите владата испратила шатори, кревети и кебиња во загрозената зона.

XS
SM
MD
LG