Достапни линкови

Секретарот на Морнарицата на САД Реј Мабус на средби во Скопје


Секретарот на Морнарицата на Соединетите Американски Држави Реј Мабус денеска во Скопје се сретна со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и министерот за обрана Зоран Јолевски. Од кабинетот на Груевски по средбата соопштија дека биле констатирани добрите односи меѓу двете држави и стратегиското пријателство со САД преку соработката во рамки на мировните мисии на НАТО. Груевски на гостинот му ги истакнал реформите што ги преземале за унапредување на стандардите за реализација на европските интеграции и членството во НАТО.

“Секретарот на Морнарицата на САД, Реј Мабус позитивно ја оцени соработката на двете земји во рамките на НАТО, и особениот придонес кој Република Македонија го дава во рамките на меѓународните мировни мисии, и кој нашите мировници го имаат во активностите на НАТО Алијансата” се наведува во соопштението од македонската влада.

XS
SM
MD
LG