Достапни линкови

logo-print

Адеми-Не прифаќаме дијалог со СОНК со уцени и условувања


Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска рече дека тие се подготвени за преговори со Самостојниот синдикат за образование и наука, но дека тие разговори не можело да се реализираат со уцени и условувања. Тој тврди дека на 16 јули се сретнале со претседателот на СОНК, Јаким Неделков и дека на таа средба требало да се дискутира за нивните претходни барања, но дека тој го уценил и го условил оти додека не се реши позитивно и во полза на професорите од Штип, дијалогот со министерството немало да продолжи. СОНК во петокот одржа краток протест пред Министерството за образование кој го нарекоа предупредувачки. Побараа повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование, склучување на колективен договор за да се отстранат незаконските разлики во висината на платите за исто работно место, а протестираа и против екстерното тестирање и политизацијата во образованието. Ако не се исполнеле нивните барања се заканија со генерален штрајк за први септември. Инаку тројцата професори од Штип во меѓувреме се откажаа од штрајкот со глад.

XS
SM
MD
LG