Достапни линкови

Бунтовниците од Исламска држава заземаа два града во Ирак


Официјални лица и локални жители денеска соопштија дека бунтовниците од Исламска држава заземале два помали града во западен Ирак. Градовите Зумар и Синџар паднале под нивна контрола по судирите кои почнаа вчера меѓу екстремистичките бунтовници и курдските безбедносни сили. Новинската агенција Ројтерс јави дека сунитските бунтовници ја преземале контролата и во Вана, град блиску до стратегискиот бедем во западен Ирак.

XS
SM
MD
LG