Достапни линкови

logo-print

Земјотрес во југозападна Кина, 26 загинати


Најмалку 26 луѓе загинаа, а десетици се повредени во силниот земјотрес што ја погоди југозападна Кина. Според американските геолошки истражувања земјотресот се случил во провинцијата Јунан попладнево. Според Кинескиот центар за земјотреси магнитудата на денешниот била 6,5. Државната телевизија јави дека земјотресот бил најсилен кој ја погодил провинцијата во последните 14 години.

XS
SM
MD
LG