Достапни линкови

logo-print

Ревизијата на изборите во Авганистан почна, Абдула го бојкотира процесот


Ревизијата на гласачките ливчиња од авганистанските претседателски избори се одвива во Кабул, но еден од двајцата кандидати, Абдула Абдула одби да биде дел од процесот. Портпаролот на Независната изборна комисија Нур Мухамед Нур рече дека процедурата почнала денеска со присуство на авганистански и меѓународни набљудувачи. Нур побара од тимот на Абдула да бидат дел од процесот велејќи дека нема причина да не присуствуваат. Од тимот на Абдула, пак, соопштија дека се уште има разлики за тоа како ревизијата ќе ги одвои лажните гласачки ливчиња од вистинските. Инаку со оваа процедура треба да се опфатат околу осум милиони гласачки ливчиња од вториот круг на претседателските избори што се одржа на 14 јуни. Абдула ги отфрли првичните резултати според кои победник е неговиот ривал Ашраф Гани.

XS
SM
MD
LG