Достапни линкови

Гаук и Оланд ја одбележуваат годишнината од Првата светска војна


Германија и Франција денеска ја одбележуваат стотата годишнина од објавувањето на војната која прерасна во конфликт кој потоа се нарече Првата светска војна. Претседателите на двете држави Франсоа Оланд и Јоаким Гаук во регионот Алзас во источна Франција со оддавање на почит кон загинатите војници го одбележуваат објавувањето на војната од страна на Германија кон Франција. Во рамки на свеченоста тие ќе постават и камен темелник за споменик за Големата војна на воените гробишта во Виеј Арман. Двајцата државници на овој ден се очекува да оддадат почит на жртвата која ја имаат дадено тогашните војници и да ја истакнат важноста на денешните француско-германски односи за современа Европа. Утре, на 4 август, тие во Белгија ќе им се приклучат на останатите лидери на државите членки на ЕУ за заеднички да ја одбележат годишнината од разгорувањето на Првата светска војна.

XS
SM
MD
LG