Достапни линкови

Азербејџан бара санкции за Ерменија


Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека четири нивни војници се убиени вчера во близина на отцепениот регион Нагорно Карабах во судир со ерменските групи за саботажа и дека азербејџанските единици го одбиле нападот. Во друго соопштение испратено денеска азербејџанското министерство за надворешни работи бара од меѓународната заедница да усвои како што пишува сериозни санкции против Ерменија. Претходно, властите во Нагорно Карабах соопштија дека нивните војници убиле девет азербејџански војници во борбите во текот на ноќта. Соединетите држави во петокот ги повикаа страните да преземат итна акција за да се намалат тензиите во регионот и да се почитува прекинот на огнот.

XS
SM
MD
LG