Достапни линкови

Сириски бунтовници нападнаа либански град


Либанските воени власти денеска соопштија дека бунтовници од Сирија го нападнале либанскиот граничен град Арсал и убиле осум припадници на безбедносните сили, а грабнале и други. Осомничените џихадисти од фронтот Ал-нусра кој се поврзува со Ал-каеда ја зазеле полициската станица во градот во кој се сместени илјадници бегалци од сирискиот конфликт. Двајца цивили исто така се убиени во борбите меѓу бунтовниците и владините сили. Војската во соопштението наведува дека борбите кои почнале вчера продолжуваат. Портпаролот на Ал-нусра рече дека групата бара ослободување на лидерот кој претходно беше уапсен во близина на градот.

XS
SM
MD
LG