Достапни линкови

logo-print

Хрватска бара помош од ЕУ поради поплавите


Хрватска упати барање до Фондот за солидарност на Европската унија за добивање финансиска помош за санирање на штетите од катастрофалните поплави во мај во повеќе општини во земјата, соопшти хрватското Министерство за економија. Во барањето се наведува дека вкупните директни штети од поплавите изнесуваат 297,6 милиони евра, а за Фондот за солидарност на ЕУ прифатлив и оправдан трошок за Хрватска изнесува 108,8 милиони евра. Овој фонд е основан со цел со неговите средства да одговори на природните катастрофи од големи размери и да се изрази солидарност со регионите во Европа погодени од катастрофи. Фондот беше формиран по големите поплави во централна Европа во летото 2002 година. Средствата од Фондот од тогаш се користеле за 56 различни природни катастрофи, вклучувајќи поплави, пожари, земјотреси, бури и суша.

XS
SM
MD
LG