Достапни линкови

Груевски: Сонот за кој тие се бореле е слободата која ја живееме денес


Татнежот на двата Илиндена се слуша и денес, нивната порака е цврсто втемелена во она што сме и во она што го работиме. Затоа честа е голема, заеднички да го одбележиме 2 Август, денот кој е симбол на македонската борба за слобода, на борбата за права и правдини, борбата за самостојност, државност, еднаквост и мирен живот на сите кои Македонија ја нарекуваат и длабоко ја чувствуваат за свој дом.

Ова го порача премиерот Никола Груевски на прославата на 70 години од Првото заседание на АСНОМ и 111 години од Илинденското востание во Пелинце.

Тоа, нагласи дека цели генерации од сите етнички заедници, култури и религии имале заеднички сон и заедничка визија.

- Затоа денес слободно можеме да кажеме дека она што го изградиле нашите предци во минатото е нашиот најцврст темел врз кој што ја градиме нашата иднина! Затоа сме тука ние, следните генерации, за да остане траг, да се потсетиме, да заблагодариме, да ги пренесеме овие вредности и историски пораки до нашите поколенија, да вреднуваме, да прославиме- рече Груевски.

Тука сме, додаде тој, да се говори за нашите победи како нација и како граѓани, да се знае дека сме биле на правата страна на историјата, и дека нашите победи сами сме ги извојувале, и затоа се поголеми и позаслужни.

- Ние бевме дел од антифашистичката светска коалиција. Ние правата, цивилизациските права, самостојно ги извојувавме, и затоа никој не може да ни ги присвои, одземе или укине! Темел на тоа се 26.000 животи кои ги положивме во светлото на слободата! Ние имаме обврска тие права да ги браниме- порача премиерот Груевски.

XS
SM
MD
LG