Достапни линкови

Русија:ЕУ тивко ги повлече ограничувањата за снабдување со оружје на Украина


Руското министерство за надворешни работи ја обвини Европската унија за тивко повлекување на забраната за снабдување на Украина со воена технологија и опрема. Во денешното соопштение се наведува дека за време на последниот состанок на Советот на Европа во Брисел лидерите на земјите членки на ЕУ тивко се согласиле да ги тргнат ограничувањата за извоз во Киев на опрема која може да биде користена за внатрешна репресија. Министерството побара од 28 земји-членки да не бидат, како што пишува подбуцнувани, од Вашингтон за случувањата во источна Украина каде што проруските сепаратисти се борат со владините сили.


XS
SM
MD
LG