Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат борбите во Појасот Газа


Израел почна со воздушен напад врз градот Рафа што се наоѓа во источниот дел од Газа во потрага по војникот кои веруваат дека е заробен од Хамас во заседа по која се прекина 72 часовното примирје. Хамас ги отфрли обинувањата дека го држат во заложништво израелскиот војник. Тие тврдат дека изгубиле контакт со бунтовниците кои биле во регинот каде што вчера исчезнал војникот. Хамас соопшти и дека бунтовниците и војникот можеби се убиени. Претседателот на САД Барак Обама, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и други лидери побараа негово итно и безусловно ослободување. Во меѓувреме најмалку 35 Палестинци загинаа во бомбардирањето во градот Рафа утринава.

XS
SM
MD
LG