Достапни линкови

Делегации положија цвеќе на гробот на Карев


По повод 111 годишнината од Илинденското востание делегации го посетија споменикот Илинден на Гумење каде положија цвеќиња пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев. Пред гробот на Карев се поклони делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Тајко Вељаноски, делегација на Генералштабот на АРМ предводена од генерал мајор Методија Величковски, делегација на Владата предводена од министерот Зоран Јолевски, делегација на градот Крушево предводена од градоначалникот Ѓорѓи Дамчески и делегација на научно културните средби „Десет дена Крушевска Република“ предводена од потпретседателот Маноил Јаковлевски. Цвеќе положија и делегации на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Миле Јанакиески и на СДСМ предводена од претседателот на партијата Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG