Достапни линкови

Меѓународните експерти продолжуваат со истрагата за падот на малезискиот авион


ОБСЕ соопшти дека меѓународните експерти денеска по втор пат се на местото каде што падна авионот МХ 17 во регионот од источна Украина што е контролиран од сепаратистите. Мисијата на ОБСЕ во земјата во писменото соопштение наведува дека 70 холандски и австралиски експерти се придружувани и од осум набљудувачи на организацијата.
Тие со себе имаат и специјално обучени кучиња кои треба да им помогнат да ги откријат преостанатите тела на жртвите од авионската несреќа на малезискиот авион што се случи на 17 јули, а во која загинаа сите 298 луѓе што беа во леталото.

XS
SM
MD
LG