Достапни линкови

Камерон бара од НАТО да ги преиспита врските со Русија


Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека НАТО треба да ги преиспита своите долгорочни врски со Русија за да се одразел и фактот дека Москва гледа на алијансата како на непријател. Во писмото испратено до лидерите на другите земји членки и на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во пресрет на самиотот на алијансата идниот месец во Британија, Камерон оценува дека НАТО мора да се смени за да биде во можност подобро да ги брани своите членки од потенцијалната руска воена закана. Според него,алијансата има големо присуство во источна Европа поради руските, како што пишува, нелегални акции во Украина.

XS
SM
MD
LG