Достапни линкови

Ахмети остварил средба со амбасадорот Волерс


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс. Според соопштението на ДУИ, Волерс истакнал дека стратешка цел на САД е членството на Македонија во евроатлантските структури и овој процес претставува клуч за стабилноста на земјата, но и на регионот. Тој ја нагласил важноста на оддржувањето здрави меѓуетнички односи и вложувањето дополнителни напори за надминување на поделбите помеѓу заедниците.

Ахмети порачал дека развивањето здрави меѓуетнички односи останува приоритет на ДУИ. Тој побарал поголема ангажираност на меѓународната заедница за да се надмине спорот со името.

XS
SM
MD
LG