Достапни линкови

Ерменија го обвинува Азербеџан за судирите на границата


Ерменското министерство за одбрана ги обвини азербејџанските власти за последните судири во близина на границата помеѓу Азербеџан и отцепениот регион Нагорно Карабах. Според соопштението, бројката на азербејџански војници кои загинале е поголема отколку што тврди Баку.

Медиумите јавија дека 9 азербејџански војници загинале во синоќешните судири со ерменските војници. Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека ерменски групи се обиделе да навлезат во територијата на земјата.

XS
SM
MD
LG