Достапни линкови

СОНК со кратко предупредување до власта


Протестот на СОНК пред Министерството за образование траеше околу 15 минути. Иако СОНК има повеќе од 30 илјади членови, на денешниот протест имаше околу 500 луѓе, според раководството на СОНК, оваа бројка се должи на притисоците и уцените кои ги добивало нивното членство.

Предупредувачкиот протест на работниците во образованието, науката и културата траеше околу 15 минути. Демонстранти пред Министерството за образование кратко свиреа со свирчиња и вееја знамиња, за набргу толпата да се растури, тие што беа дојдени со автобус од внатрешноста се упатија кон автобусите, некои на шопинг, а дел од раководството се упати кон просториите на СОНК. Иако СОНК има повеќе од 30 илјади членови, на денешниот протест имаше околу 500 луѓе, според раководството на СОНК, оваа бројка се должи на притисоците и уцените кои ги добивало нивното членство.

Проверка на патници во автобусите, проверка на техничката исправност на автобусите, јавувања на директорите директно на членовите на колективот кои се членови на СОНК.

„Проверка на патници во автобусите, проверка на техничката исправност на автобусите, јавувања на директорите директно на членовите на колективот кои се членови на СОНК“, изјави, Илиријан Чаволи, потпретседател на СОНК.

И други членови посочија за притисоци за да не дојдат на протест.

„Под притисок сите агенции кои располагаат со автобуски превоз ни откажаа, и ние сме дојдени со сопствени возила или со редовни линии, ама и покрај тоа дојдовме околу 150, а не има вкупно 250“,вели Тихо Аксовски, од Тетово.

Под притисок сите агенции кои располагаат со автобуски превоз ни откажаа, и ние сме дојдени со сопствени возила или со редовни линии, ама и покрај тоа дојдовме околу 150, а не има вкупно 250.

Предупредувачкиот протест кој симболично почна во 5 до 12 е поради наталожените проблеми во образованието, културата, науката. Тие протестира против ниските плати, неприменувањето на колективни договори, против неподносливата политизацијата во овие области, протестираат затоа што надлежните не преземаат мерки да ги решат проблемите, а најчесто се и генератори на истите, протестираат затоа што не можат да бидат неми сведоци на случувањата и да се помират со истите. СОНК не се согласува со моделот на екстерното тестирање, со „ексклузивниот македонски модел“ на автономија во високото образование, со незаконските разлики во висина на платите во културата.

Бојан Станковиќ, член на Советот на СОНК вели дека состојбата на наставниците не добра.

„Платите останати исти или намалени, тензии се креваат, притисоци на работа, зар тоа е добро, јас мислам дека тоа не е добро“, вели Станковиќ.

На протестот присуствуваа и тројцата професори на Економскиот факултет во Штип кои штрајкуваат со глад повеќе од 10 дена, настан кој го иницираше овој протест.

Денешниот протест е предупредувачки до властите, а доколку не се исполнат нивните барања, СОНК најавува генерален штрајк од 1 септември.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG