Достапни линкови

Фрај-Посетата на Нимиц е корисна, а не рутинска


Посредникот во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски.

Посредникот во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц со премиерот Никола Груевски.

Пратеникот во Бундестагот и известувач за Македонија на ЦДУ-ЦСУ, Торстен Фрај изјави дека Германија има можност и обврска да посредува во споровите и да ги доведе до конструктивен крај, одговорајќи на прашање на Дојче веле дали и како можат земјата и канцеларката Ангела Меркел да помогнат се реши спорот за името. Последната посета на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина, Фрај ја оценува како корисна, а не само рутинска.

Според него, суштината на преговарањето и подготвеноста за решението е во рацете на одговорните од Македонија и Грција, а не во посредникот. Фрај на почетокот на септември ќе ја посети Македонија со цел да добие поширока слика за политичкиот и општествениот развој на земјата.

XS
SM
MD
LG