Достапни линкови

Занемарување на придобивките од АСНОМ?


Манастирот Св. Прохор Пчињски каде што се одржа Второто заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.

Манастирот Св. Прохор Пчињски каде што се одржа Второто заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.

Постои тенденција кај власта да ги занемарува партизанското движење, НОБ и АСНОМ на сметка на други периоди од историјата.

Во пресрет на утрешното одбележување на 70 години од АСНОМ повторно се отвора прашањето дали државата можеше да направи поголема свеченост со оглед на тоа дека е јубилеј и дали генерално и континуирано се запоставува тој дел од македонската историја и придобивките од борбата.

Јас имав и забелешки на сегашната гарнитура на власт, навистина нема логика и нема никакво оправдување да се запоставува. Треба да се поправат бидејќи создавањето на АСНОМ во 1944 практично претставува остварување на тие вековни идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.

Универзитетскиот професор Лазар Лазаров оценува дека постои тенденција за занемарување на АСНОМ. Тој вели дека таквиот пристап е сосема погрешен, бидејќи, како што вели, ако не беше тој настан во 1944 година, Македонија ќе немаше самостојност и државност.

Илустрација.

Илустрација.

„Јас имав и забелешки на сегашната гарнитура на власт, навистина нема логика и нема никакво оправдување да се запоставува. Треба да се поправат бидејќи создавањето на АСНОМ во 1944 практично претставува остварување на тие вековни идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност“, оценува Лазаров.

Основните принципи на нашата модерна Република се токму на тој АСНОМ и оние принципи на кои ние денеска се повикуваме, како социјална држава, слобода на изразување, слобода на говор, на политичко здружување, се основните принципи врз кои нашата држава е изградена.

И борците неделава во пресрет на јубилејот порачаа дека нивните дела не смеат да бидат заборавени, а дека АСНОМ треба да се одбележи согласно неговото значење, а претходно изразија и загриженост од односот на државата.


Според Артан Садику од Левичарското движење Солидарност, во сите држави од поранешна Југославија политичките елити пројавија антикомунистичка тенденција која требаше да го оцрни целиот период на бившата држава, а со тоа и самата народно ослободителната борба. Но, и тој нагласува дека овој историски настан е особено важен и за денешната држава.

„Основните принципи на нашата модерна Република се токму на тој АСНОМ и оние принципи на кои ние денеска се повикуваме, како социјална држава, слобода на изразување, слобода на говор, на политичко здружување, се основните принципи врз кои нашата држава е изградена, кои на некој начин во политичката модерна историја на оваа држава беа внесени преку АСНОМ“, вели Садику во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Според програмата на Владата, годинава 111 години од Илинден и 70 години од АСНОМ се одбележуваат под мотото од Сон до сонце. Премиерот Никола Груевски утре ќе се обрати во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, претседателот на собранието Трајко Вељаноски ќе зборува во Крушево, а шефот на државата Ѓорге Иванов ќе биде во Скопје.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG