Достапни линкови

Неколкумина палестинци убиени и покрај примирјето


Најмалку осуммина палестинци загинале од тенковски проектили на израелската армија два часа отако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас. Палестински претставници соопштија дека во нападот што се случил во градот Рафа, источно од Газа, биле ранети 15 палестинци. Претставник на израелската војска во Ерусалим изјави дека била во тек истрага за инцидентот.

XS
SM
MD
LG