Достапни линкови

Убиени украински војници


Украинската војска соопшти дека во денешната заседа на проруските сепаратисти биле убиени 14 луѓе. Воен претставник изјави дека станува збор за 10 војници и оти се уште не бил утврден идентитетот на четири лица, односно дали тие биле војници или сепаратисти. Тој прецизира дека војниците биле нападнати во близина на Шактарск, во регионот на Доњецк. Шактарск е во подрачјето каде што на 17 јули беше соборен малезискиот патнички авион во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот. Припадници на полицијата на Холандија и на Австралија вчера за прв пат успеале да дојдат до местото каде што падна авионот.

XS
SM
MD
LG