Достапни линкови

Иванов: Атина не придонесува за надминување на спорот со името


„Атина настапува од позиција на сила, излегува од рамката на разговорите во спорот со името и не придонесува за изнаоѓање на заемно прифатливо решение“. Ова го изјави претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, во интервју за „Дневник“. По последната посета на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и Атина, Иванов оценува дека потребно е да се изврши притисок врз Грција што ќе резултира со почитување на меѓународното право и меѓународно превземените обврски. Во интервјуто претседателот Иванов се осврнува и врз меѓуетничките односи во земјата при што вели: „Постојано велам дека е потребно сите граѓани на Македонија да го градат македонскиот модел на соживот. Не е ексклузивно правото само на Македонците да го градат соживотот и довербата, туку на сите припадници на етничките заедници, затоа што Охридскиот рамковен договор дава права, но подеднакво и обврски. Исто така, не е ексклузивно право само на политичката партија ДУИ да ги претставува интересите на сите Албанци во Македонија“.

XS
SM
MD
LG